
април 20, 2023
Врснички едукации за мотивација на млади крводарители
Со цел мотивирање и вклучување на средношколската младина во доброволното крводарување, Црвениот крст на РСМ- Општинска организација Карпош во периодот од 01-18 април 2023 година спроведе 4 врснички едукации за 158 ученици од воспитно-образовните институции.
По две врснички едукации се реализира во средното училиште “Никола Карев” со кои беа опфатени 73 ученици од од III-та и IV-та година и во средното училиште ”Георги Димитров” со кое беа опфатени 86 ученици исто така од III-та и IV-та година.




































