јули 10, 2025

Врснички едукации за Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина

Во рамки на полето на дисеминација, во текот на месец мај 2025 година, двајца едуцирани дисеминатори од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош реализираа три дисеминациски работилници за 194 лица, ученици од основни и средни училишта.

Присутните на едукациите имаа можност да се запознаат со историскиот развој на Меѓународното движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемите и основните принципите на Движењето, историскиот развој и активностите на ЦКРСМ.

< врати се назад