
април 26, 2025
Врснички едукации за крводарителство
Во рамки на активностите за унапредување и промовирање на крводарителството, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во месец април 2025 година спроведе седум врснички едукации на кои присуствуваа 193 млади лица, ученици во трета и четврта година од три средни училишта.
Едукациите се реализираа со цел мотивирање и вклучување на младата популација во доброволното крводарување и на истите слушателите имаа можност да се информираат за доброволното крводарителство како чин на хуманост и израз на високи етички и морални вредности и да се мотивираат да станат потенцијални крводарители на крводарителските акции кои претстоеа во нивните училишта.




































