октомври 3, 2025

Врснички едукации за мотивирање млади крводарители

Во рамки на активностите за унапредување и промовирање на крводарителството, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во месец септември 2025 година спроведе две врснички едукации на кои присуствуваа 42 млади лица, ученици во трета и четврта година од СУГС „Кочо Рацин“.

Слушателите имаа можност да се информираат за доброволното крводарителство како чин на хуманост и израз на високи етички и морални вредности и да се мотивираат да станат потенцијални крводарители на крводарителската акција која претстои во нивното училиште.

< врати се назад