
февруари 22, 2021
ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ВТОРА УСПЕШНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Црвен крст на Република Северна Мкедонија-Општинската организација на Црвен крст – Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на 18 Февруари 2021 година успешно ја реализираа втората крводарителска акција на која крв даруваа 67 вработени.
Акцијата се спроведе почитувајќи ги сите протоколи и безбедносни мерки за комплетна заштита од SARS-CoV-2 вирусот.
Во претходната крводарителска акција, одржана на 15 февруари, крв даруваа 77 крводарители, а поради големиот интерес и одзив од страна на вработените во Болницата ,,Аџибадем Систина” трендот на организирање крводарителски акции ќе продолжи и во текот на наредниот период.




































