октомври 27, 2026

Започнаа редовните состаноци на Клубот на млади! МЛАДИ ВЕ ЧЕКАМЕ ВО САБОТА

Со цел полесно информирање, споделување на информации, планирање, организирање, координирање на активностите и делегирање на обврски и задачи, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, континуирано реализира редовни состаноци во текот на тековната учебна година во препознатливиот редовен термин – секоја сабота од 17:30 часот во просториите на ЦКРСМ-ОО Карпош.

Резултатите од изминатата година зборуваат за нашата посветеност:

  • Во учебната 2025/2026 година, во периодот од септември 2025 до јуни 2026 година, Клубот на млади на ОО Карпош реализираше 32 редовни состаноци на кои се остварени вкупно 880 присуства од страна на над 80 волонтери и разгледани се вкупно 212 точки по дневните редови.
  • Дополнително, во истиот период помеѓу два состаноци на Клубот, Координативното тело на Клубот на млади одржало 10 состаноци на кои се остварени вкупно 69 присуства и се разгледани вкупно 71 точка по дневните редови.

Сакаш и ти да бидеш дел од промената?

  • Секоја голема иницијатива започнува со еден чекор и идеја што вреди да се сподели. Доколку сакаш да стекнеш нови искуства, да организираш хуманитарни активности, да развиваш вештини и да се дружиш со тимот на млади ентузијасти – твоето место е со нас!

  • Кога? – Секоја сабота во 17:30 ч. (Те очекуваме уште оваа сабота!)
  • Каде? Простории на Црвен крст на РСМ– Општинска организација Карпош (ул. Орце Николов бр. 155-в, Карпош 1)

Дојди на следниот состанок, запознај го тимот и биди дел од хуманата мисија. Те очекуваме!

< врати се назад