ноември 17, 2020

Заштитна опрема за основните училишта

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во периодот од 09 до 11 ноември 2020 година изврши дистрибуција на материјали за заштита и превенција од коронавирусот Ковид 19 до осум основни училишта на територијата на општина Сарај. Сетот материјали е составен од сталак за дезинфекција, средство за дезинфекција и безконтактен термометар. Дистрибуцијата беше извршена од страна на волонтери на ЦКРСМ-ОО Карпош до училиштата:

ООУ „Дитурија“ населба Сарај

ООУ „Емин Дураку“ село Буковиќ

ООУ „Фаик Коњица“ село Радуша

ООУ „Ибе Паликуќа“ село Бојане

ООУ „Сами Фрашери“ село Глумово

ООУ „Бајрам Шабани“ село Кондово

ООУ „Бедри Таири“ село Долно Свиларе

< врати се назад