
Заврши 18-от циклус од проектот „Хуманко“
Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош веќе 18 години активно и континирано го реализира проектот „Хуманко“ чија цел е подобрување на социјализацијата, поддршка во воспитно-образовниот процес и намалување на социјалната ранливост на деца и млади со попреченост, со специфични потешкотии во учењето, од еднородителски семејства и од социјално-загрозени семејства.
Во учебната 2025/2026, тим од 18 волонтери предводени од лидерот на проектот Коста Диковски, спроведоа 24 активности наменети за 48 редовни учесници од целната група. За реализацијата на активностите во периодот ноември 2025 – јули 2026, волонтерите остварија 2030 волонтерски часа.
На ден 09 јули 2026г. беше реализирана завршната активност – Пикник во природа и делење благодарници на која присуствуваа 35 деца и млади од целната група и волонтери од Клубот на млади и Клубот на родители. На активноста, учесниците имаа можност да се забавуваат преку игра и да разговараат за спомените од изминатата година, а на крајот беа поделени благодарници за редовно и активно учество на активностите во текот на циклусот 2025/2026.




































