јули 12, 2022

ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА НА ПРОЕКТ „ХУМАНКО“ 2021/2022

По повод навршени 14 години реализација и завршување на циклусот 2021/2022 од проектот ХУМАНКО на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, на 29 јуни 2022 година со почеток во 19:00 часот во Музејот на Македонската борба-Скопје беше одржана Свеченост за презентирање на реализираните активности преку проектот во учебната 2021/2022 година.

Свеченоста во времетраење од 90 минути беше со збогатена содржина преку презентирање на извештај од активностите и видеоспот  од учесниците од целната група и волонтерите од Тимот, пригодни обраќања на секретарот на ЦКРСМ-ОО Карпош, Лидерот на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош, лидерот на проектот Хуманко 21/22, повеќегодишен волонтер, родител на целната група, изведба на драмска точка на целната група, изведба на две музички точки, настап на Марија Савевска и настап на пејачот Ристо Самарџиев. На крајот од програмата, претседателот и секретарот на ЦКРСМ-ОО Карпош доделија 77 благодарници за целната група, волонтерите, родителите, соработниците и поддржувачите.

На Свеченоста беа присутни 150 гости – целна група на проектот Хуманко, волонтери од Тимот за имплементација на проектот, родители на целна група и волонтери, вработени во ОО Карпош, членови на Раководниот одбор на ОО Карпош, претставници од ООЦК во Скопје, Црвен крст на град Скопје и Централата на ЦКРСМ, соработници и поддржувачи.

Во организацијата на оваа активност беа вклучени 35 волонтери кои остварија вкупно 599 волонтерски часа.

ЦКРСМ-ОО Карпош изразува благодарност до Музејот на Македонската борба, СМД Солушн-Скопје, DVD Rental, Бранко Николовски, Даниел Николоски, водителката Оливера Петрушевска и пејачот Ристо Самарџиев за поддршката во организација на оваа свеченост.

< врати се назад