јули 16, 2021

Здравствено-превентивни прегледи за старите лица во заедницата

Во рамки на активностите за грижа на старите лица во заедницата, Црвен крст на Република Северна Македонја-Општинска организација Карпош на 9 Јули 2021 година спроведе акција за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта за старите лица.
На акцијата која се одржа во просториите на Пензионерскиот дом „Ѓорче Петров“ во периодот од 09:00 до 11:00 часот од страна на два лекари од Општинската организација Карпош беа извршени прегледи на крвен притисок и ниво на шеќер во крвта на 30 лица на возраст од 75 до 88 години -корисници на домот.
При тоа се даваа и совети за грижа за здравјето, препораки за начин на исхрана и совети за превенција од високите температурните влијанија.
Резултатите од извршените мерења на старите лица им се соопштуваа веднаш, а лицата кај кои се утврдија повисоки вредности се советувaа и се упатувaа на натамошни прегледи преку својот матичен лекар.
< врати се назад