септември 3, 2025

ЗЕЛЕН ВОЛОНТЕРИЗАМ во Црвен крст Карпош

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во рамки на програмата „Зелен волонтеризам“ во периодот септември 2024 – јули 2025 година организираше и спроведе повеќе активности во насока на подигнување на свеста за заштита на животната средина преку промоција на еколошка практика.

Резиме на реализираните активности:

  • Постои еко-хаб составен од 10 волонтери од Клуб на млади
  • Креиран акциски план за зелен волонтеризам
  • 6 еко едукации со опфатени вкупно 110 ученици од одделенска настава од две основни училишта
  • 4 еколошки акции за чистење и 1 акција за хортикултурно уредување со 87 учесници
  • 3988 собрани и рециклирани пластични шишиња во вендинг машини
  • Конкурс со 258 творби од 258 ученици по повод одбележување на Денот на планетата Земја
< врати се назад