
15-та Традиционална крводарителска акција по повод Верскиот празник “Успение на пресвета Богородица” во Матка-Скопје
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Македонска Православна Црква-Скопска епархија, а по повод Верскиот празник “Успение на Пресвета Богодорица” по 15 пат успешно ја реализира трационалната крводарителска акција.

На дводневната крводарителската акција која се одржа на 27 Август 2020 година во периодот од 19;00 до 00,00 часот и на 28 Август 2020 година во периодот од 09,00 до 15,00 часот во Манастирот „Успение на Пресвета Богодорица” во Матка , крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 88 крводарители.
За време на акцијата беа превземени сите потребни мерки и препораки за превенција од корона вирусот, со обезбедување на заштитна опрема за сите вклучени лица, а 12 волонтери од Општинската организација Карпош на влезот на Манастирот извршија мерење на температура на над 2.000 посетители.

За прв пат оваа акција беше организирана во 2006 година а поради нејзината препознатливост истата доби традиционален карактер, а бројот на крводарувањата од година во година бележи постојан пораст.



































