март 23, 2022

Собирна акција по повод 8ми Март

По повод одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8 март, на 07 и 08 март 2022 година од 11 до 20 часот, волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош спроведоа собирна хуманитарна акција во маркетот „ВЕРО“ – Тафталиџе со цел собирање на прехрамбени и хигиенски производи и парични средства.

За време на акцијата, волонтерите организирани во тимови во смени, делеа симболични рачни изработки – флаери, алки и привезоци во знак на благодарност за донациите од страна на граѓаните.
 
Собраната помош од собирната акција ќе биде наменета за поддршка на 20 деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од социјално-загрозени и еднородителски семејства – целна група на проектот Хуманко на Клубот на млади.
 
Акцијата беше спроведена со почитување на мерките за заштита и превенција од коронавирусот Ковид 19.
 
< врати се назад