август 31, 2022

17-та традиционална крводарителска акција по повод верскиот празник „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка – Скопје

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Македонска Православна Црква – Скопска епархија, а по повод верскиот празник „Успение на Пресвета Богодорица“ по 17 пат успешно ја реализираше трационалната крводарителска акција.

На дводневната крводарителска акција која се одржа на 27 август 2022 година во периодот од 18:00 до 00:00 часот и на 28 август 2022 година во периодот од 10:00 до 15:00 часот во манастирот „Успение на Пресвета Богодорица“ во Матка, крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 142 крводарители.

За време на акцијата беа преземени потребни мерки за превенција од корона вирусот, а 14 волонтери од Општинската организација Карпош вршеа дезинфекција на посетителите при влез и ги информираа за мерките за заштита од КОВИД -19.

< врати се назад