
септември 26, 2023
Дисеминациски работилници за млади
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во текот на месеците август и септември 2023 година спроведе редовни дисеминациски работилници на тема: „Основни информации за Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина“. Шестмина волонтери од Клубот на млади спроведоа 7 дисеминациски работилници за 133 лица, деца од претшколска возраст, волонтери од Клуб на млади, целна група на Проект „ХУМАНКО“ и ученици од средно училиште. Едукациите поминаа во интерактивна атмосфера со прашања и куса дискусија.




































