
јули 30, 2021
Дисеминациски сесии за деца од предучилишна возраст
Во рамките на програмските активности од областа на дисеминацијата, Црвен крст на Република Северна Макдонија- Општинска организација Карпош во Јули 2021 година спроведе 5 дисеминациски сесии во воспитно-образовните институции со кои беа опфатени вкупно 77 слушатели.
Преку адаптирана програма со акцент на можноста за запознавaње и информирање на децата од предучилишна возраст за значењето и улогата на Црвениот крст, од страна на обучен дисиминатор, една дисеминациска сесија се спроведе за 17 деца од предшколска возраст во Градинката ,,Распеана младост” и четири сесии во градинката ,,Пролет” со кои беа опфатени вкупно 60 деца од предшколска возраст.




































