
Дружење со старите лица за Велигденските празници
По повод одбележувањето на Верскиот празник ,,Велигден”, 27 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија на 25 Април 2022 година го посетија домот за стари лица ,,Мајка Тереза,, во Злокуќани–Скопје.
Велигденските креативно бојадисани јајца изработени од самите волонтери со огромно задоволство и скрени желби за добро здравје и долг живот им беа подарени на 70 стари лица сместени во домот ,,Мајка Тереза“ со што им го разубавија денот на оние кои со својот животен ангажман придонесоа и сеуште на свој начин придонесуваат за развојот на нашето секојдневие.
Оваа посета истовремено претставуваше и можност дел од слободното време овие лица да го поминат во дружење, организирање и вклучување во друштвени игри како што се домино и шах и разговори и споделување на дел од сопствените животните искуства.



































