декември 15, 2021

Eдукации за превенција на ХИВ/СИДА

Во рамките на активностите за одбележување на Неделата на борба против против ХИВ/СИДА (01-07 Декември), Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во периодот од 1-6 Декември 2021 година реализира  11  превентивни едукации со кои беа опфатени вкупно 158 ученици од основните и средните училишта.

Пет едукации за 63 ученици од I-ва година се реализираа во Средното училиште ,,Лазар Танев”, пет едуации за 68 ученици од IX-то одделение во основните училишта ,,Димитар Беровски”, ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Страшо Пинџур” и една едукација за 27 членови од Клубот на млади на Општинската организација Карпош.

 

< врати се назад