
март 16, 2021
Едукативни работилници за промоција на хигиена и заштита oд КОВИД 19
Во рамките на активностите за реализација на Проектот ,
,Активности на Црвен крст на РСМ за справување со КОВИД 19 поддржан од МФЦК/ЦП” волонтер од Општинската организација Карпош во периодот од 19-21 февруари 2021 година во Центар за едукација ,,Солферино” -Струга учествуваше на работилницата за обука за едукатори за промоција на хигиена и заштита од КОВИД 19.
По завршената обука, едуцираниот волонтер во периодот од 10-12 Март 2021 година во Општинска организација Карпош одржа по една едукативна работилница за промоција на хигиена и заштита од Ковид 19, за 94 ученици од I-во до III-то одделение од ООУ ,, Аврам Писевски,, ООУ Страшо Пинџур,, и од ООУ,,Горче Петров,,.
За време на одржување на едукативните работилници кои се реализираа со физичко присуство на учениците, беа запазени сите мерки и протоколи за максимална заштита од КОВИД-19.




































