јуни 22, 2022

Еколошка акција во Општина Ѓорче Петров-Скопје

Во рамките на активностите на ЦКА-ПХВ програмата за 2022 година, ученици од Средното училиште ,,Орце Николов’ -‘ Скопје на 19 мај 2022 година спроведоа еколошка акција за отстранување на отпадот од зелените површини во Општината Ѓорче Петров.          

На акцијата која се спроведе со поддршка на Комуналната служба на Општина Ѓорче Петров учествуваа 35 лица меѓу кои 25 волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Карпош, и истата беше поздравена од Градоначалникот Александар Стојкоски кој изрази голема благодарност за огромната свест и голем активизам на волонтерите кои покажаа дека ваквите иницијативи можат да дадат големи резултати и претставуваат позитивн пример во заедницата.

При тоа истакна дека, Општина Ѓорче Петров останува поддржувач на настаните организирани од Црвениот крст и во иднина преку заеднички акции ќе продолжи да помага и дејствува за подобрување на состојбите во заедницата.

< врати се назад