
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров ги додели благодарниците по повод 17 март за најуспешните во крводарителството
По повод одбележување на 17 Март-Ден на крводарителството во РСМ , Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со општина Ѓорче Петров на 23 Март 2023 година организира заеднички настан за доделување на јубилејни признанија и благодарници на повеќекратни крводарители и истаканти мотиватори кои со својата хуманост дадоа огромен придонес во унапредувањето на крводарителството. На свечениот чин кој се одржа во општина Ѓорче Петров, Градоначалникот на општината г-дин Александар Стојковски додели јубилејни признанија за 100 пати дарувана крв на г-дин Тони Трајковски-вработен во ЈСП Авто База “Горче Петров” и за 50 дарувања на г-дин Илија Најдоски, Марјан Ристов и Димче Китановски, а благодарници за посебен придонес за мотивирање и успешно организирањето на крводарителските акциите беа доделени на Драги Трајаноски и ПЗУ “Азура”-Ѓорче Петров. За соработката и поддршката која ја даваaт градоначалникот и општинската администрација на локалната самоуправа Ѓорче Петров, Општинската организација Карпош додели благодарници на градоначалник Г-дин Александар Стојковски и Драги Трпески вработен во општинската администрација. На средбата, уште еднаш беше потенцирана плодната соработка со општината и беа споделени информации околу идните заеднички активности.




































