март 19, 2021

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров ги додели признанијата за најуспешните во крводарителството

Црвениот крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со општина Ѓорче Петров на 18 Март 2020 година организира заеднички настан за доделување на благодарници и признанија на повеќекратни крводарители  и истаканти мотиватори кои со својата хуманост дадоа огромен придонес во унапредувањето на крводарителството.

            На свечениот чин кој се одржа во Општина Ѓорче Петров, признанијата за 75 пати дарувана крв на Стеван Анкиќ, за 50 дарувања на Слободан Ливрински и благодарница за посебен придонес на Драган Арсовски и Данче Василевска ги додели Градоначалникот Г-дин Александар Наумоски.  Признание за посебни допринес во унапредување на крводарителството од страна на Општинската организација на Црвен крст Карпош беше доделено и на Општина Ѓорче Петров.

            Во оваа прилика градоначалникот Г-дин  Александар Наумоски кој исто така е крводарител со над 20 крводарувања ја истакна досегашната успешна соработка со Црвениот крст, а на наградените им честита за хуманоста и позитивниот пример кои тие го даваат во локалната заедница.

< врати се назад