март 23, 2022

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров ги додели признанијата за најуспешните во крводарителството

Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со општина Ѓорче Петров по повод одбележувањето на 17 март – Денот на крводарителството во РСМ, на 18 март 2022 година организираше заеднички настан за доделување на благодарници и плакети на повеќекратни крводарители и истаканти мотиватори кои со својата хуманост дадоа огромен придонес во унапредувањето на крводарителството.

На свечениот чин кој се одржа во општина Ѓорче Петров, Градоначалникот на општината г-дин Александар Стојковски додели признанија за 75 пати дарувана крв на г-дин Тони Трајковски-вработен во ЈСП Авто База “Горче Петров”, за 100 дарувања на г-дин Дамир Смајловиќ и благодарница за посебен придонес за мотивирање и успешно организирањето на крводарителските акциите на г-дин Вице Столевски-Командант на Единица за брзо распоредување на Министерството за внатрешни работи.

На средбата, уште еднаш беше потенцирана плодната соработка со општината и беа споделени информации околу идните заеднички активности.

< врати се назад