
Градоначалникот на општина Карпош ги додели благодарниците за најуспешните во крводарителството
По повод одбележување на 17 Март-Ден на крводарителството во РСМ, Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со општина Карпош на 28 Март 2023 година организира заеднички настан за доделување на јубилејни признанија и благодарници на повеќекратни крводарители и истаканти мотиватори кои со својата хуманост дадоа огромен придонес во унапредувањето на крводарителството. На свечениот чин кој се одржа во општина Карпош, Градоначалникот на општината г-дин Стефчо Јакимовски додели Јубилејно признание за 50 крводарувања на Дарко Солев, благодарница за најмалд крводарител на Марко Дабески, а благодарници за придонес за мотивирање и успешно организирањето на крводарителските акциите на Цветанка Трајановска-педагог од СУГС “Георги Димитров”-Карпош, Мартина Самболец-психолог од СУГС “Здравко Цветковски”-Kарпош, Тања Неделковска и Ивана Анѓелеска од Клиничка болница Аџибадем Систина и Дејан Јонузоски вработен во локална самоуправа Карпош.
На средбата, уште еднаш беше потенцирана плодната соработка со општината и беа споделени информации околу идните заеднички активности.




































