
мај 26, 2020
Хигиенски пакети за ранливи категории на граѓани
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Општината Карпош обезбеди донација во средства за лична хигиена од компанијата Саманта ДОО Хенкел Скопје.
Од обезбедената донација волонтери на Црвениот крст подготвија 118 хигиенски пакети и истите беа дистрибуирани до домовите на 50 семејства на самохрани родители, 59 лица со посебни потреби и 9 семејства во социјален ризик.





































