март 15, 2020

Информативно-едукативни плакати за препораки и мерки за превенција на Корона вирус

Со цел  помасовно информирање и едуцирање на граѓаните за актуелниот Корoна вирус, волонтери од Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на проментни места на автобуски постојки, бензиски пумпи,  маркети за храна , банки, версски и други јавни објекти на територијата на општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај поставија 60 плакати на македонски и албански јазик со  содржини  за следење на препораките за мерките а особено насоките за одржување на личната хигиена како  клучна во превенцијата на Корона вирусот.

< врати се назад