
Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош, преку проектот „Хуманко“ успешно го реализираше летниот камп „Сите сме исти 3“ !
Клубот на млади на ЦКРСМ – Општинска организација Карпош по трет пат, успешно го реализираше Летниот камп „СИТЕ СМЕ ИСТИ 3“. Летниот камп се реализираше како дел од активностите на проектот ХУМАНКО, проект чија цел е подобрување на социјализацијата, поддршка во учењето, превентивна едукација и намалување на социјалната ранливост на 45 деца и млади целна група меѓу кои деца и млади со попреченост, со потешкотии во учењето, од еднородителски семејства, од социјално-загрозени семејства и со типичен развој. Кампот беше реализиран од 29 јули до 05 август 2022 година во автокампот „Ливадиште“ – Струга на кој учествуваа вкупно 52 лица од кои 28 деца и млади од целната група, 17 волонтери од Клубот на млади и 7 родители од Клубот на родители. Учесниците беа сместени во камп населба од 15 шатори. За планирање и организација на летниот камп на волонтерите им беа потребни 2 месеци, период во кој беа завршени сите потребни подготовки за непречена реализација на кампот.
Волонтерите храбро, истрајно, посветено, со многу љубов учествуваа во подготовките и реализацијата. Беа остварени 2687 волонтерски часови, 20 работни средби, 100 деловни телефонски разговори, подготовка и достава на 60 дописи за поддршка, 500 километри извозени за собирање на потребните ресурси. Во обезбедувањето на потребните услуги и производи се вклучија 70 донатори (државни институции, приватни компании, физички лица).
Особена благодарност сакаме да изразиме до:
ЕСМ АД, ЕЛЕМ ТУРС, Град Скопје, Црвен крст на Република Северна Македонија, Бурдем – Скопје, Галафарм 2 – Скопје, Жито Лукс АД – Скопје, Агро Гурмеш – Скопје, Везешари – Тетово, Кватро – Куманово, Фобас компани – Скопје, Монтенегро – Гостивар, Рес-Ком – Ресен, Даниво – Кочани, Интеркафе – Гостивар, ДС Смитх – Скопје, Слаткара Анабела – Охрид, Брод Александрија – Охрид, Галеб АД – Охрид, Ресторан Куба Либре – Охрид, ЦЕРМАТ – Битола, Бага Фуд – Битола, Бима логистик – Скопје, Пекабеско – Скопје, Мик Свети Николе, Пекара Специјал, АС Интернационал – Скопје, Фер Пром – Скопје, Саманта ДОО – Скопје, Ависо – Скопје, Колид С – Струмица, Душогупчани – Скопје, КИМ – Неготино, Горска – Скопје, Бисер – Скопје, ЈУС МБ – Скопје, Офис Плус – Скопје, Фрос Фуд – Скопје, Принцип Комерц – Скопје, Рудине – Скопје, АВТ Интернационал – Скопје, No limit – Скопје, Анекс ДООЕЛ – Скопје, Виталиа – Скопје, Сплендид Фудс Дооел – Скопје, Жито 18 Баумаркет – Скопје, Данаи Фарм – Скопје, Сарантис – Скопје, Нобел – Скопје, Еурофарм – Битола, Атанасовски – Скопје, Маја компани – Скопје, Лакталис – Скопје, Раде 2003 – Скопје, Еко Шар – Скопје, Гранд – експорт – Скопје, Крш – Скопје, Андреј компани – Штип, Балкопром – Струга, Слога пром – Кавадарци, Цвеќара Фиона – Охрид, Јуникс – Скопје, Флеш студио – Струга, Слаткарница Дрезда – Струга, Ресторан Св.Ѓорѓија – Струга, Магдалена Давидовска Довлева, Александра Меќамова, Македонска радио-Радио Скопје, Сител ТВ.
Тимот за имплемнтација на Летниот камп „Сите сме исти 3“, можеби не го смени животот, ниту пак помогна за решавање на животно прашање на едно дете или семејство, но овозможи 28 деца и 17 волонтери да научат што значи хуманост, еднаквост, непристрасност. Волонтерите научија и осознаа кои се придобивките кога нешто правиш само од љубов и единствена цел ти е нечија насмевка, додека учесниците осознаа дека постои и друга страна освен сивото секојдневие, дека постои средина каде сите се прифатени, дека постои средина каде никој не ја врти главата настрана кога не му се допаѓа другарчето, дека за проблемите се разговара, дека хигиената е најважна, дека со 3 оброци на ден на стомачето му е убаво и најважно дека секој може да згреши и секој има право да се смее, да се дружи, да се забавува, да пее и да игра.













































































