
Крводарителска акција и едукација за средношколци
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за учениците и вработените во СУГС „Здравко Цветковски“ – Скопје. Акцијата се одржа на 20 октомври 2022 година од 9 до 14 часот. На акцијата, крв даруваа вкупно 26 ученици и вработени.
На крводарителската акција во ова училиште, им претходеа 2 врснички едукации за учениците, со цел да се стекнат со основни познавања од областа на крводарителството и процесот на дарување на крв. На овие две едукации беа присутни 58 ученици.
За време на активностите беа почитувани заштитните мерки за превенција на коронавирусот – КОВИД 19. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.




































