јуни 22, 2020

Крводарителска акција во Аџибадем систина

51 крвна единица собрани на крводарителската акција во
Клиничката болница Аџибадем Систина-Скопје
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Клиничката болница „Аџибадем Систина“-Скопје и Институтот за трансфузиона медицина на 19 Јуни 2020 година по четврти пат годинава успешно организираа и релизираа уште една крводарителска акција.
За време на крводарителската акција која се спроведе од 09;00 до 14;00 часот во околности на дејствување со заштита од корона вирусот својата хуманост на дело со дарување на крв ја потврдија 51 вработен. За време на акцијата се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од корона вирусот, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита.
< врати се назад