август 6, 2020

Kрводарителска акција во МВР – Единица за брзи распоредувања

Црвен крст на Република Северна Македонија–Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Единицата за брзи распоредувања при Министерството за внатрешни работи на 5 Август 2020 година реализа редовна крводарителска акција.

На акцијата, која се оспроведе во просториите на Полицискиот центар во Ѓорче Петров- Скопје во периодот од 10:00 до 14:00 часот својата хуманост на дело ја потврдија 29 крводарители.

За време на акцијата беа превземени сите потребни мерки и препораки за превенција од корона вирусот, со обезбедување на заштитна опрема за сите вклучени лица, како и темелна и навремена дезинфекција на просториите.

< врати се назад