мај 24, 2021

Крводарителска акција во Општина Карпош

Вкупно 51 вработен во општинската администрација, кадар од градинките и од основните училишта и граѓани од Општина Карпош донираа крв во рамки на крводарителската акција која беше организирана од страна на Црвен крст на Република Севра Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со oпштина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина.
 
На крводарителската акција која се одржа на 19 Мај 2021 година од 10:00 до 18:00 часот во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ (Карпош 3) со почитување на сите протоколи и мерки за заштита од КОВИД – 19, се придружи и градоначалникот Стефан Богоев кој им се заблагодари на сите граѓани, колеги, кои и во ек на пандемија ја покажуваат својата хуманост и солидарност.
 
< врати се назад