март 23, 2022

Крводарителска акција во Општина Карпош

Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со локалната самоуправа Карпош и Институтот за трансфузиона медицина на 10 март 2022 година реализираше традиционална крводарителска акција. На акцијата која се одржа во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ во населбата Карпош 3 во периодот од 09:00 – 17:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 123 граѓани на Карпош, вработените во општинската администрација и урбаните заедници, како и вработените во основните училишта и градинките на територија на општината.  На хуманите крводарители им се придружи и градоначалникот Г-дин Стевчо Јакимовски кој ја подржа оваа акција и ја истакна важноста и значењето на крводарителството како и соработката со организацијата на Црвениот крст и ги повика сите хумани граѓани да се вклучат во оваа хумана акција.

< врати се назад