
септември 18, 2021
Крводарителска акција во Полициска станица Карпош
Во соработка со Министерството за внатрешни работи на РСМ-Полициската станица Карпош и Институтот за трансфузиона медицина, Црвен крст на Репулика Северна Македонија-Општинска организација Карпош реализираше редовна крводарителска акција.
На акцијата која се одржа на 17 септември 2021 во просториите на полициската станица Карпош и во периодот од 09:00 до 13:00 часот, крв даруваа 14 полициски службеници.
За време на акцијата се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за заштита од коронавирусот-КОВИД 19, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита.



































