ноември 26, 2021
Крводарителска акција во Приватно средно училиште ,,Јахја Кемал”-Скопје
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 23 Ноември 2021 година реализира крводарителска акција во Приватното средно училиште ,,Јахја Кемал’’ Скопје.
На крводарителската акција, која се спроведе во периодот од 10:00 до 14:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 17 крводарители -ученици и вработени од училиштето.
За време на акцијата беа почитувани мерките и протоколите за заштита и превенција од КОВИД 19.




































