
ноември 27, 2023
Крводарителска акција во СУГС „Орце Николов“
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за учениците и вработените во СУГС „Орце Николов“ Скопје.
Крводарителската акција се одржа на 16 ноември 2023 година од 09:00 до 14:00 часот, на која крв даруваа 25 ученици и вработени.
На крводарителската акција претходеа 4 врснички едукации за 100 ученици со цел да се стекнат со основни познавања од областа на крводарителството и процесот на дарување на крв.




































