
јуни 15, 2022
Крводарителска акција за средношколци
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за учениците и вработените во СУГС „Никола Карев“-Скопје.
Акцијата се реализираше на 05 мај 2022 година од 13:00 до 17:00 часот и на истата крв даруваа вкупно 40 ученици и вработени. Со цел успешна реализација на активноста се вклучија 3 волонтери од Клубот на млади.
За време на активностите беа почитувани заштитните мерки за превенција на коронавирусот – КОВИД 19.



































