
јули 1, 2025
Крводарителска акција во Алкалоид АД Скопје
Црвениот крст на РСМ – ОО Карпош, Црвен крст на РСМ – ОО Гази Баба и Институтот за трансфузиона медицина во соработка со компанијата „Алкалоид“ АД Скопје на 21 мај 2025 година организираа крводарителска акција во пресрет на Светскиот ден на крводарителството.
Крводарителската акција се спроведе во објектот Алкалоид ЛАФОМА во Ѓорче Петров од 08 до 17 часот. Акцијата ја посетија повеќе од 230 лица од кои 213 даруваа крв.Во акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубовите на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош и ЦКРСМ-ОО Гази Баба.





































