
октомври 27, 2023
Крводарителски акции и едукации за доброволно крводарување во средни училишта
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организира две крводарителски акции за учениците и вработените во средните училишта. На 9 и 13 октомври 2023 година се одржаа по една крводарителска акција во средните училишта „Лазар Танев“ и „Здравко Цветковски“ на кои крв даруваа вкупно 37 ученици и вработени.
На крводарителските акциии во двете училишта им претходеа шест врснички едукации за 115 ученици од III и IV година, со цел да се стекнат со основни познавања од областа на крводарителството и процесот на дарување на крв.




































