ноември 9, 2021

Обуки по прва помош за ученици од средните училишта

Под мотото ,,Биди херој во твоето училиште” обучени предaвачи и демонстратори од Црвен крст на Република Северна Mакедонија-Општинска организација Карпош на 27, 28 и 29 oктомври и 5 ноември 2021 година ги спроведоа првите обуки за навремено и правилно укажување на прва помош на повредени лица наменети за ученици од средните училишта.

 Со обуките беа опфатени пет шестчлени екипи по прва помош формирани од ученици од Средното училишта ,,Кочо Рацин”, Угостителското училиште ,,Лазар Танев” Гимназија ,,Сарај”, ,,Никола Карев” и ,,Орце Николов”-Скопје а планирани се обуки и за членовите на формираните екипи во средните училишта ,,Здравко Цветковски”, Гимназија ,,Георги Димитров” и приватните средни училишта ,,Нова” и ,,Јахја Кемал”-Скопје.

 

 

< врати се назад