
Одбележување на Неделата на борба против туберкулозата 14 – 21 септември 2025 година
Туберкулозата и понатаму останува смртоносен убиец во светот. Секојдневно над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30 000 луѓе се разболуваат од оваа болест која може да се превенира и излекува.
Туберкулозата како инфективно заболување што дава слични симптоми како и инфекцијата со Ковид-19, сепак се разликува од истата во тоа што има подолг период на инкубација и симптомите се развиваат побавно. За среќа постои ефективна вакцина против туберкулоза, што веќе се употребува долго време. Но и покрај добрата превенција туберкулозата сè уште не е отстранета и претставува дел од проблемите кои се јавуваат во сите здравствени системи, па и во нашиот.
Во превенцијата на туберкулозата голема улога игра здравата исхрана и здравиот начин на живот. Исхраната богата со хранливи материи е исто така важна и во третманот на луѓето кои веќе заболеле од туберкулоза затоа што лошата исхранетост придонесува за појава на компликации од болеста.
ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА! ВРЕМЕ Е ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ТУБЕРКУЛОЗАТА.




































