
октомври 28, 2020
Одбележување на Недела на борба против шеќерна болест
Во рамките на активностите за одбележување на Неделата на борба против шеќерна болест (10-16 Октовмри) под мотото” Здрави животни навики во борба против дијабетот” на 27 Октовмри 2020 година во Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош се спроведоа две онлајн едукации за причините, последиците и превенцијата од дијабетот.
Eдукациите кои се реализираа преку користење на ZOOM апликацијата беа спроведени од страна на лекар и на истите се приклучија вкупно 49 слушатели од кои на првата едукација 28 родители на деца со посебни потреби од целната група на проектот “Хуманко” а на втората едукација 21 волонтер од Клубот на млади.



































