
септември 18, 2020
Одбележување на Недела на борба против ТБЦ (14-21 Септември)
Во рамките на активностите за одбележување на Неделата на на борба против туберкулозата под мотото: Време е за свет без туберкулоза!, Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 17 Септември 2020 година преку ZOOM алтернативна платформа за електронска едукација спроведе едукативно предвање за 17 волонтери од Клубот на млади.
Едночасовната едукација која се спроведе од страна на доктор, слушателите имаа можност да се информираат за ризиците, опасностите и последиците од туберкулозата и нејзиното влијание врз општото здравје кај луѓето.



































