
Одбележување на Недела на борба против туберкулозата
Со цел подигнување на свеста за важноста на општото здравје и социјално-економското влијание на туберкулозата и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалоната епидемија на туберкулозата, под овогодишното мото ,,Време е за свет без туберкулоза” ЦКРСМ – Општинска организација Карпош во периодот од 17 до 26 Септември 2021 година спроведе две ликовни креативни работилници на теми поврзани со туберкулозата во кои беа вклучени 18 деца од предшколска возраст згрижени во градинката ,,Росица”.
Во Основното училиште,,Димитар Поп Георгиев Беровски” од страна на стручно лице се спроведе една едукација за 19 ученици од 9-тите одделенија, а по една едукативна работилница се одржа и за 25 волонтери од Клубот на Млади на Општинската организација Карпош и 23 нивни родители.
На 25 и 26 Септември 2021 година, 11 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ– Општинска организација Карпош во Градски парк Скопје реализираа собирна хуаманитарна акција со продажба на рачно израбтени предмети, а од собраните парични средства беа набавени 3 инхалатори кои беа донирани за потребите на Институтот за белодробни заболувања на деца ,,Козле” – Скопје.




































