септември 28, 2021

Одбележување на Недела на Промоција на хумани вредности 21-27 септември 2021 година

 Во рамки на Националната програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности, во периодот од 21 до 27 Септември се одбележа Неделата на промоција на хумани вредности во која  волонтерите од Клубовите на млади на Црвен крст ширум државата реализираат различни активности.

За оваа година активнoстите за одбележувањето на Неделата се реализираа преку изработка на друштвени игри со теми од активностите на Црвениот крст со едукативна цел.

Членовите и волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош изработија две друштвени игри насловени  „Хумани карти“ и „Волонтер на месец“.

Преку одржување на три повеќечасовни групни средби во објектот на ОО Карпош и индивидуален ангажман во изработката учествуваа 16 волонтери од Клубот на млади и 4 деца и млади со попреченост дел од целната група на проектот „Хуманко“, кои остварија 170 волонтерски часа.

 

< врати се назад