октомври 16, 2023

Одбележување на Неделата на борба против дијабетес

Шеќерната болест (дијабетес) е хронично заболување, кое се јавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин или пак кога веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи. Смртноста од оваа болест на годишно ниво е застапена со 5 %. Најголем број на случаи заболени од дијабетес се на возраст од 45 до 64 години. Во Република Северна Македонија има околу 180.000 лица заболени од дијабетес.
 
Основната причина за појавата на дијабетес е зголемениот внес, а намалена потрошувачка на калории. Тоа значи зголемен внес на високо калорична храна, брза храна, обилни оброци, храна богата со масти и шеќери, слатки сокови со многу шеќери и конзерванси, недоволен внес на овошје и зеленчук, а во исто време и намалена физичка активност. Најголем ризик за појава на дијабетес тип 2 посебно кај постарите, е зголемената телесна тежина и дебелина.
 
Препораки за здрави животни навики во превенција на дијабетесот:
• Последниот дневен оброк да биде минимум 3-4 часа пред спиење.
• Дневен внес од 4-6 чаши вода.
• Повеќе свежа и сезонски одгледувана храна.
• Овошјето да се јаде 30 мин – 1 час пред оброк или 3 часа по оброк, бидејќи е лесно сварливо и ако се јаде веднаш по оброкот гние од храната што претходно сме ја консумирале.
• Конзумирање на ферментирани млечни производи (ќефир,сурутка)
• Употреба на ладно цедени масла (маслиново, ленено, сончогледово и др.)
• Редовен внес на диетални влакна од различни извори (житарици, ориз, морков, грав, грашок, цитрусно овошје, јаболка, итн.).
• Конзумирање на риба двапати неделно.
• Секојдневна умерена физичка активност – пешачење, возење велосипед, пливање, гимнастика и фитнес, во зависност од здравствената состојба.
< врати се назад