
декември 22, 2023
Одбележување на Неделата на борба против ХИВ / Сида
Во рамки на одбележување на Неделата на борба против ХИВ/СИДА под мотото ,,Глобална солидарност, заедничка одговорност“, врснички едукатори од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош спроведоа 5 превентвини работилници со кои беа опфатени вкупно 165 ученици од воспитно образовните институции и волонтери од Клубот на млади.
Беа реализирани 2 едукации за 82 ученици од основно образование, 2 едукации за 65 ученици од прва и четврта година од средно образование и една едукација за целната група на проект Хуманко во рамки на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош.
Дополнително, во рамки на Неделата, во Гимназијата „Никола Карев“-Скопје беше поставен информативен штанд на Црвен крст на кој за учениците беа поделени 300 флаери со едукативна содржина и информации за препознавање на ризикот и превенцијата на ХИВ/СИДА.




































