април 18, 2023

Одбележување на Неделата на хигиенизација

Во одбележување на Неделата на хигиенизација во периодот од 8-15 Април под мотото  “Хигиената-лична обврска за колективното здравје”, Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со воспитно-образовните институции спроведе 6 едукации за вкупно 151 слушатели, со цел подигнување на јавната свест за важноста од правилна и редовна хигиена како лична обврска за колективното здравје.

Четири едукации се реализираа во основното училиште “Аврам Писевски”- с. Бардовци со кои беа опфатени 74 ученици од I-во до IV-то  оделение, а по една едукација  се одржаа за 45 ученици од I-ва до IV-та година во Средното угостителско училиште “Лазар Танев”-Скопје” и за 32  деца и млади oд целната група од Проект ‘’Хуманко” наменет за помош и поддршка и социјализација на деца и млади со посебни потреби.

 

< врати се назад