октомври 10, 2023

Одбележување на Неделата на млади

По повод одбележување на  Неделата на  млади, волонтерите од Клуб на млади на Црвен крст на РСМ- Општинска организација Карпош на 5 октомври 2023 година организираа ОТВОРЕН ДЕН на Клубот на млади наменет за ученици од основни и средни училишта.  Во перидот од 12 до 16 часот во дворното место на Општинската организација Карошот вкупно 107 посетители- ученици и професори од две основни и четири средни училишта  имаа можост да се  информираат и запознаат со Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, работата на Клубот на млади, можностите за волонтирање и членување и активностите од дејностите на Црвениот крст преку посета на пунктовите за дисеминација и менаџмент со волонтери , за превентивна едукација, прва помош и крводарителство и за социјално-хуманитарна дејност и креативна инклузија (проект ХУМАНКО). Од посетитетлите, 17 ученици пополнија пристапници за волонтирање во Црвениот крст.

< врати се назад