октомври 28, 2022

Одбележување на Неделата на млади 2022 – RED ZONE

На 06 октомври 2022 година од 11 до 17 часот во просториите на Public Room – Скопје, Клубовите на млади од Општинските организации на Црвен крст на територијата на градот Скопје – Карпош, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Чаир и Црвен крст на град Скопје спроведоа заеднички организиран настан за одбележување на Неделата на млади. Настанот беше организиран во неколку простории со поставување на катче за промотивен материјал, катче за жива библиотека, катче за ментално здравје, катче за прва помош, катче за крводарителство, катче за креативна инклузија. На настанот беа поканети млади – ученици од средните училишта на територија на градот Скопје кои преку посета на настанот имаа можност да се запознаат со активностите на Црвениот крст, со волонтерите во Клубовите на млади и можностите за волонтирање во организацијата на Црвениот крст.

Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош беше задолжен за организација на катчето за креативна инклузија преку спроведување на работилница за изработка на корисни рачни изработки за 18 деца и млади од целната група и 10 волонтери вклучени во проектот „Хуманко“. Дополнително беа поставени едукативни материјали за целната група и беше поставен хуманитарен изложбен штанд со готови рачни изработки. На покана на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош присуствуваа 33 младинци – гости – ученици од СУГС „Никола Карев“, СУГС „Здравко Цветковски“ и пријатели на волонтерите од Клубот.

< врати се назад