
март 16, 2021
Плакати и дисеминациска работилница по повод 17 март преку Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош
Црвениот крст на Република Северна Македонија на 17 март го одбележува Денот на своето формирање и Денот на крводарителството во РСМ. По тој повод на територијата на целата земја, преку општинските организации се реализираат различни пригодни активности со цел промоција на работата на Националното друштво.
Клубот на млади на ЦКРСМ – Општинска организација Карпош на ден 13 март 2021 година за време на својот редовен состанок организираше дисеминациска работилница на тема: „Историјата, организациската поставеност и дејностите на Црвениот крст на РСМ“. Работилницата беше реализирана преку онлајн платформа од страна на обучен дисеминатор, а на истата присуствуваа 34 членови и волонтери од Клубот на млади.
Волонтерите од Клубот на млади се вклучија и во дистрибуција и лепење на 40 информативни плакати на 20 фрекфентни локации со цел информирање на граѓаните за одбележувањето на 17 март. За време на активностите беа применувани заштитните мерки за заштита и превенција од коронавирусот Ковид 19.




































